Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Четвртата последователна победа во ЛШ, ќе ја бараме на теренот на “незгодниот“ тим на Пик Сегед
Четвртата последователна победа во ЛШ, ќе ја бараме на теренот на “незгодниот“ тим на Пик Сегед

Четвртата последователна победа во ЛШ, ќе ја бараме на теренот на “незгодниот“ тим на Пик Сегед

Четвртата последователна победа во лигата на шампионите, европскиот ракометен шампион ќе ја бара на теренот во Унгарија и тоа во дуел со “незгодниот“ тим на Пик Сегед.

Ждрепката сакаше трета последователна сезона да бидеме во група заедно со денешниот противник. Последните четири меѓусебни натпревари на овие две екипи ги доби Вардар, но секогаш победите биле тешко и тесно издвојувани со 2-3 гола разлика. Денешниот меч ќе биде најтежок испит за црвено-црните во новата сезона. Пик Сегед минатата сезона стигна до најдобрите осум екипи, каде во четврфиналето беше тесно поразена од екипата на ПСЖ, која подоцна стана и вицешампион на Европа, по поразот во финалето токму од екипата на Вардар. Што со однесува до промени во составот, воглавно го задржаа “костурот“ на тимот. Нови засилувања се рускиот репрезентативец Дмитри Житников и Стефан Сигурмансон кој дојде од екипата на Рајн – Некар. Единствено кој замина беше хрватот Сандро Обрановиќ кој потпиша за Шамбери, во првенството на Франција. Пик Сегед го сочинуваат и голем број на интернационалци, како репрезентативците на Совенија, Матеј Габер, Стас Скубе и Марио Состариќ, потоа хрватите, Марин Шего, Денис Бунтиќ и Ален Блажевиќ, шпанците Хозе Мануел Сиера и Педро Родригез и русите Сергеј Горбок кој е поранешен играч на Вардар и најновото засилување Житников. Да не го заборавиме и можеби нивниот најдобар играч и стрелец последниве сезони, се работи за крилото Јонас Калман. Тоа доволно говори за каква силна и квалитетна екипа се работи, со која тешко се справуваат противниците. Секоја сезона се повеќе се вложува во тимот, кој има цел да стигне и до завршниот турнир во Келн.

По три одиграни кола во најсилната група А, Пик Сегед има две победи и еден пораз и тоа во првото коло од екипата на Нант, додека на последните два натпревари триумфираше против ППД Загреб ( гости) и Кристијанштад ( дома). Вардар е на првото место и единствен со максимален број на освоени бодови. Со победа само ќе се зацврстиме уште повеќе на врвот и уште од сега можеме да се сметаме за големи претеденти за освојување на едно од првите две места на табелата, по одигрување на сите мечеви во нашата група. Гонзалес на денешниот натпревар не може да смета на Игор Карачиќ, додека во составот за прв пат сезонава се враќа голманот, Страхиња Милиќ.

Денешниот натпревар е закажан да започне од 17:30 часот, а истиот можете да го проследите со директен пренос на МРТ-1.