Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 > Пионерите на ФК Вардар со магичен пресврт, на полувреме губевме 0-3 на крајот триумф со 5-3
Пионерите на ФК Вардар со магичен пресврт, на полувреме губевме 0-3 на крајот триумф со 5-3

Пионерите на ФК Вардар со магичен пресврт, на полувреме губевме 0-3 на крајот триумф со 5-3

Денес на терените на Академијата на ФК Вардар се одигра пријателски натпревар помеѓу пионерите на ФК Вардар и врсниците од ФК Металург. Тренерот Сашо Тодоровски Рап-Тап овој тест дуел го почна со следните 11 момци: Рамадани, Крстевски, Астарџиев, Апостоловски, Николов, Цури, Ристевски, Игнатов, Спировски, Андоновски, Хасановиќ.  Овој дуел имаше интересен тек на полувреме губевме со 0-3, а во вториот дел со пресврт триумфиравме до 5-3.

2

Теренот беше тежок за игра, ние се обидувавме да поведеме постојано напаѓавме, но противникот од контра отвори со гол за 0-1. Прва прилика за гол имавме преку Хасановиќ Малик чии удар го одбрани голманот на ривалот. Постојано се редеа прилики пред голот на противникот сепак не успеавме да погодиме. Шанси за нас имаа Игнатов по аситенција на Ристевски Давид, а потоа се обиде и Спировски во продолжение. Гостите казнија со две брзи контри за водство со 0-3 со кое се отиде на одмор. Се тоа што пропуштивме во првиот дел надокнадивме во вториот дел.

8

0

Во вториот дел  почнавме со одлична одбрана на Рамадани кој и во првиот дел неколку пати бранеше одлично по контрите на ФК Металург. Следеше гол-шоу на избраниците на Рап-тап. Тие во вториот дел направија целосен пресврт успевајќи  да по 15 минути изедначан најпрвин на 3-3. Потоа во финишот со уште два гола дојдовме до победа со 5-3. За нас три гола постигна Андоновски играч кој блесна во вториот дел, еден гол постигна Давид Ристовски и еден гол беше дело на  Aнтонио Мирков.  Во вториот дел нашите момци го покажаа целиот свој раскош во играта, инвентивноста и креативноста во нападот.