Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Момците на Будимир, пионерите на Вардар дојдоа до 3/3 со победата над РК Шкупи
Момците на Будимир, пионерите на Вардар дојдоа до 3/3 со победата над РК Шкупи

Момците на Будимир, пионерите на Вардар дојдоа до 3/3 со победата над РК Шкупи

Денес во салата “Кале“ се одигра треттото коло во пионерската лига група-1 помеѓу нашиот РК Вардар и екипата на РК Шкупи од скопски Чаир. Момците на Адријана Будимир дојдоа до трета победа во исто толку дуели за нив оваа сезона нашите момци триумфираа со 27-10 (14-6). Повторно покажаа момците на Будимир одбраната им е на ниво, дека сето тоа го наградуваат во напад и победија со 17 гола предност во дуел во кој целосно доминираа.

hh3 hh7

На почетокот двата тима неуспеаа да реализираат во почетните нападни, први до гол дуелот го отворија момците од скопски Чаир кои постигнаа гол за 0-1. Веднаш вративме со два последователни гола на Чакалиќ Бојан со кој го преземавме водството во 3.минута, истото до крајот на целиот дуел беше во “наши раце“. Поведовме во 7.минута и со 1-4, следеше пенал за Шкупи кој го одбрани нашиот голман Чорогунов Леонид, а во контра казнивме за 5-1 и потоа со два гола од контра поведовме со 1-7 по што Шкупи го искористи првиот тајм-аут. По истиот  конечно видовме краток сегмент во кој тие имаа позитивен скор, постигнувајќи два гола, а примајќи само еден намалија на 8-3.  Сепак веднаш ја вративме играта која е препознатлива за нас, Будимир инсистираше и успеа да ги измотивира момците на одлична одбрана во продолжение. Тоа вроди со полод па на пауза отидовме со зголемено водство  “плус осум“. На одморот по 20.минути ракомет во салата “Кале“ на семафорот стоеше 14-6.

hh2 hh3

Вториот дел го отворивме со погодок, истиот од линијата од 7 метра го постигна Жерновски Никола за наша предност 15-6. По само пет минути во вториот дел поточно во 25.минута отидовме првпат на двоцифрена предност, поведовме 17-7 на дуелот со Шкупи. Веднаш по тоа Идризи Дритон повика минута пауза обидувајќи се да го врати неговиот тим во ритам. Сепак тоа не му помогна многу бидејќи направивме серија 5-1 со која отидовме на високи 22-8 во 32.минута од овој пионерски дуел. Тие намалија на 22-9 во продолжение по што следеше нов “потоп“ за нив. Нова и финална серија на крајот следуваше со 5-1 серија го завршивме дуелот со високи 27-10, односно  со “плус 17“. Со оваа победа покажавме дека сме кандидати за Ф-4 во пионеска конкуренција.

hh4 hh6

Стојковски, Мишевски 4, Чакалиќ 4, Павловски, Трајановски, Жерновски 3, Ташевски 3, Калајџиевски 4, Чорогунов, Јанчев, Грујовски 1, Трајчевски, Савревски 7, Димчевски 1 и Мирчевски.