Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Кадетките на Вардар одиграа реми со Куманово, кај нас Седлоска прв стрелец, голманката Грујовска фантастична
Кадетките на Вардар одиграа реми со Куманово, кај нас Седлоска прв стрелец, голманката Грујовска фантастична

Кадетките на Вардар одиграа реми со Куманово, кај нас Седлоска прв стрелец, голманката Грујовска фантастична

Денес во спортскиот центар “Кале“ се одигра кадетското дерби помеѓу девојките на Вардар предводени од Драгана Пецевска и врсничките од екипата на ЖРК Куманово. Во еден интересен дуел  на крајот заврши реми, првото полувреме заврши со предност за нас со резултат 16-14.

b4

Стартот беше неефикасен, двата тима во првите два напада не успеаа да погодат, на нашиот гол Трајковска впиша две инервении. Во 4.минута отворивме со 1-0, на што гостите од Куманово одговорија со гол за 1-1. Потоа со два гола на Андреа Седлоска од пенал поведовме со 3-1 во 7.минута од овој дуел. Оваа предност ја имавме и во следните 5.минути кога двата тима постигнаа по четири гола во противничката мрежа за резултат 7-4. Со серија 3-1 успеавме да поведеме со “плус пет“ 10-5 по што клупата на Кумановки побара минута одмор.  Следеа минути на нашиот ривал во кој тие ја анулираа нашата предност, со серија 2-7 успеаа да внесат неизвесност и да изедначат на 12-12 во 24.минута од дуелот. Следеше во финишот повторно наша серија овој пат од 3-0 со која поведовме во 29.минута со 16-13. До крајот на првиот дел кумановки успеаа да погодат за 16-14, резултат кој стоеше на семафорот во “Кале“ за време на паузата во овој женски кадетски дуел.

22366544_10210502730386715_7476043049108710876_n

b3

Вториот дел го отворивме со промашен  пенал, Седлоска не успеа лобот да го погоди, ударот заврши во гредата. Гостинките со два брзи гола веќе во 3.минута изедначија на 16-16.   Следеше борбен период во кој двете екипи играа цврсто со многу дуели, се играа долги и цврсти напади резултатот беше повторно нерешен 18-18 се до 38.минута.  Гостинките погодија за 18-19 и имаа пенал, сепак на нашиот гол со одлична втора од оваа позиција интервенција блесна Симона Грујовска, таа одлично бранеше во вториот дел.  Ние изедначивме на 19-19, а кумановки поведоа со два брзи гола со 19-21, сепак потоа имаа серија прилики за зголемување на водството, нашата голманка Симона повторно не одржуваше во живот со одбрана на зицери и пенали. тоа го наградивме со изедначување 21-21 во 47.минута по што следеше брза реакција од клупата на гостинската екипа која побара тајм-аут. Тоа вроди со полод за нив тие успеаа за само 100 секунди да поведат со 21-23 на овој кадетски дуел. Сепак нашите девојки денес играа храбро, веднаш се вратија во игра и преку Седлоска Андреа од пенал во 52.минута изедначија на 23-23.  Во последните 5 минути влеговме со драматични 25-25 и голема спортска тензија на овој дуел околу победникот на истиот. Погодивме за 26-25 на една минута до крај, кумановки го имаа последниот напад добија пенал за прекршок надвор од казнениот простор. Судијата не го стопра времето тие го изведоа и изедначија.

b2

Кај нас прв стрелец беше Седлоска со 10 гола, Петковска имаше 6. Треба да се напомене голманскиот тандем во првиот дел солидна партија имаше Трајковска , во вториот дел Симона Грујовска беше бравурозна.