ЕХФ ги делегираше Литванците Миндаугас Гателис и Ваидас Мазеика да ја делат правдата на дерби натпреварот на петтото коло во ракометната Лига на шампиони на кој се среќаваат ланските учесници на Ф-4, Вардар и Барселона.
Пред овој натпревар двете екипи ја делата првата позиција на табелата во групата А со седум освоени бодови, односно три победи и еден нерешен резултат.
Натпреварот на овие две екипи ќе биде одигран во сабота во СЦ. “Јане Сандански” oд 17 часот и 30 минути.