Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Петковски и Исени со настапи за младата репрезентација
Петковски и Исени со настапи за младата репрезентација

Петковски и Исени со настапи за младата репрезентација

Македонската фудбалска репрезентација до 21. година забележа неочекуван пораз од аутцајдерот Гибралтар. Нашите млади играчи одиграа еден многу лош натпревар, Гибралтар по многу години успеа да совлада една селекција на квалификациски натпревар.

На овој многу лош меч од првата минута настапија и двајца играчи од редовите на Вардар. Петар Петковски и Бесир Исени се најдоа во почетните 11-мина на Милевски, Исени го одигра целиот меч, додека пак Петковски од игра излезе во 68. минута од натпреварот.

Ова беше втор пораз во низа, по оној од Србија во Скопје пред неколку денови.