Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Литвански судии за мечот Вардар – Барса
Литвански судии за мечот Вардар – Барса

Литвански судии за мечот Вардар – Барса

ЕХФ ги делегираше Литванците Миндаугас Гателис и Ваидас Мазеика да ја делат правдата на дерби натпреварот на петтото коло во ракометната Лига на шампиони на кој се среќаваат ланските учесници на Ф-4, Вардар и Барселона.

Пред овој натпревар двете екипи ја делата првата позиција на табелата во групата А со седум освоени бодови, односно три победи и еден нерешен резултат.

Натпреварот на овие две екипи ќе биде одигран во сабота во СЦ. “Јане Сандански” oд 17 часот и 30 минути.