Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Шкендија нема што да бара во Скопје против Вардар!
Шкендија нема што да бара во Скопје против Вардар!

Шкендија нема што да бара во Скопје против Вардар!

Во сабота се игра мега-дербито на Македонија, дербито во кое се среќаваат директните конкуренти за титулата, екипите на Вардар и Шкендија. Иако Вардар има два порази во серија од Шкендија, сепак, тие се на гостински терен, кога игра Вардар во Скопје пред својата публика во ПМФЛ секогаш владее над овој противник.

Така ќе биде и во сабота! Играчите на Вардар уште еднаш ќе покажат дека и оваа сезона се неприкосновени во ова натпреварување. Вардар во Скопје во рамките на ПМФЛ нема пораз шест натпревари во серија од Шкендија, очекуваме победничката низа да продолжи и на овој натпревар. Дополнителна позитивна вест е тоа што во тимот за овој натпревар се враќаат тројца играчи. Новак, Максимов и Итало ќе бидат во комбинација за овој натпревар.

Ги повикуваме сите навивачи на Вардар, да дојдат во сабота од 14:30 часот на Градскиот стадион и сите заедно да се радуваме на уште една голема победа во походот кон нова шампионска титула.

Вардар – Шкендија (сабота 14:30 часот).
Влез: Југ 100 денари.
Влез: Запад (блок билет и за натпреварот со Барса) 100 денари.