Барселона ја чека вистински пекол во Скопје. На повеќе од два дена до натпреварот билети скоро и да нема во слободна продажба. “Црвено – црните” навивачи на Вардар ги купија сите билети и за прв пат оваа сезона ќе имаме полна сала “Jaне Сандански”.
Билети како што рековме нема – во овој момент останати се само слободни места за стоење. Барањето на играчите се реализираше, сега преостанува на самите нив да излезат на теренот и да одиграат како што знаат, а публиката да ги награди со победничка песна.
Натпреварот во сабота започнува од 17 часот и 30 минути.