Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес и Стоилов: Барселона е силен противник, за триумф мора да дадеме максимум и да ги користиме своите шанси

Гонзалес и Стоилов: Барселона е силен противник, за триумф мора да дадеме максимум и да ги користиме своите шанси

Нашиот миленик и европски првак РК Вардар веќе одигра 4 кола во ЕХФ Лигата на шампионите, по крајот на истите се уште е без претрпен  пораз. Во сабота го исчекува големо искушение кога во  Скопје доаѓа силната Барселона. Во дуелот во рамки на 5.коло кој ќе се игра во С.Ц. “Јане Санднаски“ ќе се сретнеме со  тимот кој загуби во полуфиналето на ЛШ Ф-4 од нас, но кој не победи на неофицијалното светско првенство во Доха, Катар. По тој повод на денешната прес конференција тренерот на црвено-црните и капитенот ги соопштија своите очекувања од овој мега дуел.

Раул Гонзалес:  Играме против Барселона, најголем противник во групната фаза. Тие имаат добри играчи со искуство, знаат како да играат вакви натпревари, мора одбраната да функционира на вистинско ниво ако сакаме да победиме. Голманот Перез де Варгас е голем адут на Барселона, тој според мене е многу добар голман и треба да бидеме концентрирани во нападот. Мора да добиеме поддршка од трибините, бидејќи двете екипи се на исто ниво и затоа очекувам многу тежок натпревар, но верувам во тимот и во нашите навивачи и мислам дека имаме шанса за победа.

Стојанче Стоилов: Барселона е една од најдобри екипи во светот. Оваа година ни го нанесоа единственот пораз на Супер Глоуб турнирот, па се надевам дека ќе го смениме впечатокот и ќе ги победиме на домашен терен. Немаме повредени играчи, сите се желни и подготвени за победа. Се надевам со помош на навивачите дека ќе ја оствариме посакуваната цел. Оваа година немавме проблеми во нападот само против Пик Сегед. Не ги користевме чистите шанси и тоа мораме да го поправиме. Секогаш на нашите натпревари противничкиот голман е најдобриот на терен. Уште минатата година екипите започнаа да не респректираат, а оваа сезона мислам дека добро се носиме со титулата шампиони.