Утре на теренот на академијата своите натпревари од редовното коло во регионалната – скопска лига ќе ги одиграат генерациите на ФК Вардар родени “2003“ и “2004“ година. Противник ќе ни биде екипата на Форца од Скопје.
Вардаровата генерација “2004“ има максимален број на освоени бодови во овој дел од сезоната. Избраниците на Кралевски важат за фаворити во дуелот со врсниците од Форца. Натпреварот започнува од 13 часот.
Генерацијата “2003“ на Горан Петрески има три победи и еден нерешен резултат во лигата. Минатата сезона убедливо ги добивавме натпреварите со овој противник во истово натпреварување. Дуелот на Вардар и Форца, во оваа генерација ќе се одигра од 15 часот на теренот на академијата.