Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Комити > Хуан Фелипе: Со помош на публиката која ја повикувам да дојде во голем број одиме на победа со Шкендија

Хуан Фелипе: Со помош на публиката која ја повикувам да дојде во голем број одиме на победа со Шкендија

Нашиот фудбалски клуб Вардар на 14-ти октомври,  сабота со почеток во  14:30 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје, го пречекува тимот на Шкендија во дербито на 10 коло од Првата лига.Ова е натпревар од  вториот круг од шампионатот, и покрај тоа што нашата екипа има два натпревари помалку од сите останати тимови.  Во изјава за одицијалната страница на клубот  очекувањата од натпреварот  ги искажа бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе Алвес Рибеиро.

Играме против првопласираниот тим на табелата. Шкендија има многу добар и силен тим, но ние сакаме да победиме и со три бода да им се доближиме на првата позиција. Исто така и Вардар е силна екипа и верувам дека ќе оствариме победа, и на некој начин ќе им вратиме за поразот во првото коло. Играме на домашен терен, ја поканувам публиката  да дојде во поголем број и да биде 12 играч на ова дерби за да дојдеме до трите бода. Не само против Шкендија, туку против секој тим секогаш одиме на победа. Секој натпревар во овој шампионат е важен за повторно да ја освоиме титулата. Нашата цел е да бидеме на првото место на крајот од сезоната и затоа на овој натпревар како и на сите одиме на три бода.