Екипата на Барселона денес гостува во Скопје, каде ќе го игра натпреварот против Вардар во Лигата на шампионите. Овој дуел се игра во С.Ц “Јане Сандански“ Скопје со почеток во 17-30часот. Тренерот на каталонците Чави Пасквал има само пофалби за нашиот тим, тој вели:
Свесни сме за тежината на натпреварот, доаѓаме во домот на европскиот првак. Против Вардар мечевите се секогаш тешки, наредниот наш меч може да е еден од најтешките досега. Вардар е во добра форма, тоа го покажа на Супер глоуб. Имавме висока позитива, но на крајот се мачевме за да победиме. Нашите мечеви во изминатите години секогаш се балансирани, така ќе биде и овој дуел