Вардарци стигнаа до четвртата победа во најсилната група А од лигата на шампионите. Во С.Ц. Јане Сандански падна екипата на Барселона, која ја совладавме со резултат од 27:24. Убедливо издание за Европскиот шампион кој имаше постојано водство кое достигна и седум гола разлика и контрола на резултатот. Штербик повторно беше сјајен на теренот и имаше двоцифрен број на одбранети удари уште по првото полувреме. На прес-конференцијата после завршување на мечот пред медиумите се обрати тренерот Раул Гонзалес кој го изјави следново:
- Оваа победа за нас е голем успех, бидејќи која е Барселона во ракометот. Не го почнавме добро натпреварот, но потоа со одбраната 5-1, напред со Кањељас почна да функционира, а Штербик да брани на голот. Малку по малку градевме разлика, нападот функционираше како што посакувавме. Важни се двата бода, ако знаеме дека Барселона е главен конкурент за првото место. Горд сум на моите играчи кои дадоа се од себе.
-Најефикасен играч кај Вардар беше Вуко Борозан, кој го заврши мечот со 6 постигнати голови.
-Би сакал да и се заблагодарам на публиката која ни беше осми играч на теренот. Се виде дека кога играме како еден никој не ни може ништо. Секогаш е полесно кога играш пред ваква публика и кога имаш вакви соиграчи, на кои исто така им се заблагодарувам за добрата игра.