Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Јаневски: Знаев дека не можевме да одиграме 90 минути слабо
Јаневски: Знаев дека не можевме да одиграме 90 минути слабо

Јаневски: Знаев дека не можевме да одиграме 90 минути слабо

Тренерот на ФК Вардар, Чедомир Јаневски по натпреварот против Шкендија истакна дека Вардар одиграл лошо во првиот дел, но, во вториот со внесување во игра на двајца играчи драстично се променила играта, пред се со влегувањето на Итало на местото на Барсегјан. Јаневски по натпреварот истакна:

„На овој натпревар играа двете најдобри екипи во првенството. Првото полувреме го почнавме срамежливо. Се чекаше на грешка, а како одминуваше времето во финишот Шкендија одигра малку подобро од нас. Ние немавме решение во организација на нападот. Тоа Шкендија добро го искористи и во една добра организација, знаевме дека нивниот напад е посилниот дел од тимот, и беа поопасни, и тоа резултираше со гол. Првото полувреме го одигравме под нашите можности. Во вториот дел направивме две измени, го сменивме начинот на играта и со висок притисок им направивме доста проблеми на Шкендија. Почнавме добро и тоа веднаш резултираше со израмнување. За жал не траеше долго бидејќи противникот стигна до ново водство. Потоа за мене се случи еден многу важен момент. Веднаш дојдовме до гол и до 2:2 и тука можам да искажам честитки за играчите кои не се обесхрабрија. После тој израмнувачки гол бевме подобар тим. Можевме порано да го решиме победникот во завршницата каде што требаше само порано да го „погодиме“ играчот за тој да реализира. Сите честитки одат на играчите, затоа што против ваков противник кој што немаше пораз да го завртиш резултатот и да му дадеш четири гола, тоа е за почит“, рече Јаневски.

„Знаев дека не можевме да одиграме 90 минути слабо. После првите 45. минути само ги обесхрабривме и да веруваат во своите квалитети и да тргнат похрабро кон противничкиот гол. Тоа го направија, и оваа победа е заслужена. Благодарност и до публиката која ни даде поддршка и на крајот ги израдувавме со три бода во ова дерби“, вели тренерот на „црвено-црните“.