Европскиот шампион денес во С.Ц. Јане Сандански беше домаќин на екипата на Барселона. Ова е натпревар беше дерби за првото место на табелата во најсилната група А. Момците на Раул Гонзалес дојдоа до голема победа покажувајќи им на каталонците кој е европски првак. Ние победивме со 27-24.
Дуелот почна со два гола во нашата мрежа, со кои Барселона поведе со 0-2 на самиот почеток од овој дерби дуел. Во продолжение двата тима постигнаа по два гола, каталонците беа сеуште на “два плус“ во 7.минута од дуелот. Вардар со головите на Шишкарев, Борозан и Чупиќ успеа да поведе првпат со 5-4 за само две минути. Барселона со два гола повторно го презема водството и во 12.минута поведе со 5-6. Следеше серија 5-0 по која Вардар поведе со 10-6, на неа кумуваше Штербик со 4 одлични интервенции. Во нападот погодуваше Вардар што беше аларм за клупата на гостите, Пасквал побара минута одмор со цел консолидација на своите редови. Дури во 19.минута по седум минути “пост“ каталонците погодија првпат во мрежата на Арпад Штербик кога намалија на 11-7, но во истата акција ние преку Фереира се вративме на “плус пет“ 12-7. До 25.минита односно пред почетокот на последните пет минути од првиот период двата тима постигнаа по два гола, ние и понатака водевме со пет гола, односно поведовме со голот на Борозан со 14-9. Првпат највискоите шест гола предност во првиот дел ги водовме во следната акција, Штербик ја впиша 9 одбрана,а во напад “награди“ Македа со гол за 15-9. До крајот на првиот дел Барса ја ублажи негативата и на одмор заминавме со резултат 16-12. Треба да се напомене дека во првото полувреме во салата “Јане Сандански“ гледавме “Штербик-Шоу“, неверојатниот голман на црвено-црните одбрани дури 11 удари кон својот гол.
Вториот дел почна со гол на Барселона која од пенал намали на 16-13 и се доближи на нашето водство. Сепак црвено-црните не мислеа така, веднаш влегоа во елемент. Следеше наша серија 3-0 со која во 35.минута поведовме со резултат 19-13, односно повторно отидовме на “плус шест“. Во 40.минута сеуште имаме комотна предност на семафорот во “Јане Сандански“ стоеше 20-15. По две минути се случи немил инцидент, сериозно беше повреден Рожерио, но по брзата иннтервенција и со аплаус од публиката беше однесен во соблекувалните. Следеа неефикасни минути во 45.минута влеговме со резултат 21-16, откако двата тима погодија само по еднаш. Потоа за само 100 секунди со два гола по ред отидовме првпат и на “седум плус“, 23-16. Во 24.минута конечно на теренот по пауза поради повреда влезе Игор Карачиќ кој беше бурно поздравен од скопската публика. До крајот рутинирано одигравме и победивме 27-24.
Прв стрелец во нашите редови беше Борозан Вуко со 6 гола, 5 погодоци имаше Македа, сепак треба да се напомене дека поединец број еден кај нас беше Арпад Штербик со 17одбрани.