Серијата на победи на Вардар над Шкендија во Скопје продолжува. Вардар иако одигра слабо прво полувреме, сепак, во второто покажа дека и со едно добро одработено полувреме може да ја совлада Шкендија. Еден од најзаслужните за целосниот пресврт е Максим Максимов, иако ова беше прв настап во Вардар, Русинот покажа дека е голема класа од играч. Вардар во вториот дел постигна дури четири погодоци, за конечни 4:2 (о:1).
Вардар првиот дел го одигра многу лошо, се закани кон противничкиот гол само на два наврати опасно и тоа кон крајот на првиот дел, гостинот имаше повеќе од поседот на топката и створи повеќе шанси во првиот дел за разлика од Вардар. Првите две шанси Шкендија ги имаше преку Жуниор, овој играч во 26. минута погоди за предност на гостите од 0:1, тоа беше една добро изработена акција, Ибраими додаде до Жуниор, кој одкосо од десно шутира прецизно во долниот десен агол, а топката од стативата заврши во голот на Гачевски. Вардар првата сериозна шанса ја имаше дури во 43. минута преку Исени, неговиот обид заврши само во корнер по одбраната на Захов.
Во вториот дел во игра влегоа Џигаури и Итало на местата на Барсегјан и Исени. Вардар во вториот дел заличи на тим, прв се обиде Итало во 48. минута но неговиот удар заврши за малку крај голот на Захов. Следен се закани и Џигаури, но, исто така за малку крајот голот. Гооол за Вардар, во 55. минута Фелипе е прецизен од белата точка, ја испрати топката во долниот десен агол од голот на Шкендија за израмнување на 1:1. Вардар тргна и по нов погодок, следен кој се закани опасно беше Максимов, но за несреќа неговиот удар беше изблокиран од Бејтулаи. Во 63. минута беше досуден смешен пенал за Шкендија, Ибраими овој поклон го искористи и погоди за 1:2. Гоооол, Вардар во следната акција израмни на 2:2, Итало одлично влезе и додаде до Блажевски кој го матираше Захов за 2:2. Во 72. минута Хамбарџумјан се обиде од слободен удар, но само биеше во телото на Захов. Гооол, во 74. минута Вардар дојде до целосен пресврт, Фелипе со удар од 20-сетина метри го донесе Вардар на предност од 3:2. Во 76. минута кај Вардар со силен аплауз беше испратен од теренот Максимов а на негово место влезе Марковиќ. Гоооол на Вардар, во 88. минута Итало стави точка на средната 4:2.