Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Победа и нерешен резултат за Вардар генер. 2009
Победа и нерешен резултат за Вардар генер. 2009

Победа и нерешен резултат за Вардар генер. 2009

Нови натпревари во Детската лига одиграа Вардарци од генерацијата 2009. Попладнево тие забележаа една победа и еден нерешен исход против тимовите на Кул  и Њу Старс 2.

Најпрвин свој натпревар одигра Вардар (1) против Кул. Овој натпревар нашиот тим го доби со резултат 2:1. Вардар започн напаѓачки уште од стартот, денеска најрасположен за игра беше Коста Бошковски, овој играч на три наврати на почетокот до мечот се најде во шанса но е постигна гол. Во првиот дел и тимот на Кул имаше свој шанси кој не ги искористи. Во првиот дел на крајот со гол натпреварот го отвори преку Матеј Крстевски. Во вториот дел противникот израмни на 1:1. Но, до крајот на натпреварот Коста Бошковски со одличен продор и погодок погоди за 2:1 и конечен резултат од овој дуел.

oooooВардар (2) ги одмери силите со тимот на Њу Старс 2. Овој натпревар помина доста возбудливо со шанси и на двете страни. На крајот фудбалерите заслужено ги поделија бодовите. Првите се заканија Вардарци со три шанси преку Максим Павловски, овој играч не погрешки и по четврти пат и во следната акција погоди за 1:0 за Вардар. Во следниот напад противникот израмни на 1:1. Во вториот дел Вардар тргна по втор погодок, истиот играч Максим Павловски погоди прецизно со удар ниско поземја за 2:1 за Вардар. Но, и ова водство кратко траеше, противникот израмни во следната акција на 2:2. Ова беше конечен резултат.