Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Победа и реми донесоа од Битола пионерските екипи на ФК Вардар во дерби пресметките
Победа и реми донесоа од Битола пионерските екипи на ФК Вардар во дерби пресметките

Победа и реми донесоа од Битола пионерските екипи на ФК Вардар во дерби пресметките

Денес во Битола двете пионерски екипи на ФК Вардар гостуваа во дерби дуелите со врсниците на ФК Пелистер. Успеавма да обезбедиме победа и реми на оваа гостување.

Помладите пионери на ФК Вардар предводени од Саше Тодоровски Рап-Тап дојдоа до победа во дербито со резултат 1-2 (0-0). Овој дуел помладите црвено-црни пионери го почнаа со следниот состав: Станковски, Хасани, Асани, Костовски, Крстевски, Мирков, Трајановски, Омерагиќ, Салиу, Стојановски Гугуљанов.

По првиот период мрежите на Марко Станковски и Китановски Кристијан мируваа, двата тима имаа шанси, но неуспева да погодат во мрежата на ривалот во ова дерби. Вториот дел почна со наша офанзива сепак први погодија зелено-белите. Тие во 60.минута преку Маркоски Славе поведоа со 1-0. Ние во продолжение целосно се отворивме и постојано атакувавме со цел да извадиме поволен резулат.  Најпрвин по само 6.минути од нивниот погодок во 66.минута нашиот играч со број 6, Крстевски Виктор успеа да донесе резултатска симетрија погодувајќи за 1-1. По овој гол бевме осоколени и напаѓавме за погодок кој ќе донесе водство и победа. Успеавме во   72.минута преку Мирков Антонио да погодиме за 1-2. До крајаот умешно одигравме и ја зачувавме предноста со што дојдовме до нови три бода.

Во дуелот помеѓу зелено-белите пионери и нашите момци бодовите беа поделени. Овој натпревар заврши со реми, 2-2 (0-1). овој дуел за нашиот пионерски состав го стартуваа: Андов, Ѓурковски, Николов, Астарџиев, Манасиевски, Цури, Андоновски, Илиевски, Ристовски, Хасановиќ и Игнатов.

Во првиот дел имавме повеќе прилики од противникот и постојано атакувавме на неговиот гол, тоа вроди со плод кога постигнавме гол за 0-1. Стрелец на погодокот за пионерите на ФК Вардар беше Илиевски Марио, тој погодокот го постигна во 38.минута од првиот период. Со овој резултат заминавме и на одмор на ова пионерско дерби. Вториот дел го почнавме како што заврши и првиот, атакувајќи на голот на Разиновски Ристе. Успевме да го удвоиме водството, Андоновски Филип погоди за 0-2 во 51. минута од овој дуел. Сепак до крајот неуспевме да го зачувавме водството и моравме да се задоволиме со реми на овој дуел. Играчот кој влезе во вториот дел со број 11, Стојановски Антонио во редовите на Пелистер погоди најпрвин за 1-2 во  65минута, а потоа изедначи на 2-2 во 71.минута. До крајот и покрај обидите на црвено-црните не успеавме да го вратиме водството па на крајот се задоволивме и со реми на ова дерби.