Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Дејан Маркоски со два гола го реши Пелистер, младинците на Вардар се вратија на победите
Дејан Маркоски со два гола го реши Пелистер, младинците на Вардар се вратија на победите

Дејан Маркоски со два гола го реши Пелистер, младинците на Вардар се вратија на победите

Денес на теренот на академијата се одигра младинското фудбалско дерби помеѓу екипите на Вардар и Пелистер. Поуспешни беа црвено-црните кои славеа со резултат 2:1, иако според играта и шансите, победата требаше да биде изразена со поголема разлика.

1-2

Тренерот Ѓорѓиевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Велковски, Наумчески, Димов, Џуклески, Антовски, Милковски, Маркоски, Трајчевски, Стојчевски, Бериша, Благојевиќ.

Првите десет минути од натпреварот поминаа без некоја голема шанса за двете екипи. Вардар напаѓаше, но Пелистер беше одлично тактички поставен и ги затвараше сите приоди кон  нивниот гол. Прв кој се обиде беше Филип Стојчевски кој од бие од слободен удар, но голманот на Пелистер успешно брани. Истиов играч имаше шанса со глава од корнер, но топката оди покрај голот на гостите. “Бункерот“ на Пелистер беше пробиен кога, во противничкиот шеснаесетник беше фаулиран Филип Стојчевски, по што судијата покажа на белата точка. Сигурен реализатор на ударот од единаесет метри беше Дејан Маркоски, кој му носи предност на Вардар од 1:0. Немаше пробиви по крилните позиции, што беше наш главен проблем во првото полувреме. Се обидувавме со длабоки топки во средината, кои Пелистер лесно ги отстрануваше и не дозволуваше опасности по нивниот гол. Пелистер ја имаше својата прва шанса, откако по левата страна се отвори простор за еден од нивните играчи кој бие, но за наша среќа голманот Велковски брани и топката оди во корнер. До крајот на првиот дел за одбележување е и шансата на Милан Благојевиќ, кој бише од десеттина метри, но голманот на гостинскиот тим не дозволи поголема негатива. По првиот дел, резултатот беше 1:0 за црвено-црните.

vardarfans-4

Во второто полувреме на стартот се обиде Филип Антовски, кој бие покрај голот на Пелистер. Беше направена и првата измена во нашиот состав. На местото на Благојевиќ, во игра е Саит Битиќи. Од корнер имавме прилика преку Наумчески, кој со глава бие покрај голот, како и Џуклески кој шутира од десната страна, но противничкиот голман ја прифаќа топката во своите раце. Вардар имаше можност да го зглеми резултатот, но Трајчевски не беше присебен во ударот од неколку метри пред голот на Пелистер, откако претходно од левата страна добра топка нафрли Антовски.

vardarfans-2

Повторно во улога Антовски, речиси индентично од претходната акција, нафрли од левата страна, повторно топката стигна до Трајчевски, кој ја погодува само пречката од голот на Пелистер. Добри две шанси за нашиот состав, кои за жал останаа без реализација и резултатот се уште остана непроменет. Се обидувавме да постигнеме нов гол, но можеби и среќата не беше на наша страна. Стојчевски имаше прилика, кој се уфрли од десната страна, бие но нововлезениот голман на Пелистер го брани ударот. Целата игра се одвиваше на противничката половина, а Пелистер беше длабоко повлечен, за кого и оваа минимална негатива беше добар резултат. Не можеше вечно да се брани битолската екипа и Вардар конечно реализира преку Дејан Маркоски за зголемено водство од 2:0, на претходно добра асистенција на Јакуп Бериша кој направи продор од левата страна и го пронајде Маркоски кој не греши.Втора измена кај нас, на местото на Бериша во игра влезе Оливер Дишлиевски. Во игра влезе и Стојановски Филип, на местото на Стојчевски. Во последните пет минути, Пелистер успева да постигне почесен гол и да го намали резултатот на 2:1, што беше и конечен на крајот.

Ова беше четврта победа за младинскиот состав на Вардар во младинската лига. Денес доколку ги реализиравме шансите можевме да победиме и поубедливо, сепак најважно е што освоивме три бода.