Вистинска ракометна претстава приредија екипите на Вардар и Барселона, во која поуспешен беше Европскиот шампион, кој славеше со резултат 27:24. Вардар одигра одичен меч и може да се каже дека целосно го надигра каталонскиот тим, кој на моменти имаше негатива и од седум голови. По завршување на натпреварот своите впечатоци ги споделија и тренерот на Барселона, Чави Пасквал, како и капитенот на екипата, Виктор Томас.
-Им честитам на ракометарите на Вардар и на Раул за одличната партија и за победата, која е целосно залужена. Нашиот ривал заслужи да победа и со поголема разлика. Резулатот не е слика на она што се случуваше на терен. Направивме многу грешки, а Вардар лесно доаѓаше до голови од контра. Ни останува на нас да се обидеме да победиме на домашен терен во “Палау Блауграна“.
Крилото на Барселона потенцира дека на Вардар му биле потребни само пет минути да влезе во посакуваниот ритам, по што било тешко да се запрат.
-Честитки за прикажаната игра на Вардар. Нашиот ривал прикажа неверојатна игра. Требаше пет минути нашиот противник да влезе во мечот. Потоа направи предност и беше многу тешко да се игра. Имавме проблеми и не успеавме да ги стигнеме, но ние сме голем тим и моравме да се бориме до крајот од средбата.