Иако имаше негатива по првото полувреме, нашиот фудбалски шампион успеа да го добие дербито со екипата на Шкендија и на крајот да слави со резултат од 4:2. по првото полувреме имавме негатива од еден гол. Комплетно ја свртивме играта во второто полувреме, кога покажавме зошто сме шампиони на Македонија и зошто играме во лигата на Европа. Со головите на Фелипе и тоа два на овој меч, како и на Блажевски и Итало на крајот славевме, со што се вративме во игра во борбата за титулата.
Погледнете ја нашата фотогалерија од дербито, кое му припадна на Вардар.