Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > ГРК Борец подобар од Вардар Јуниор, на натпревар од супер – лигата
ГРК Борец подобар од Вардар Јуниор, на натпревар од супер – лигата

ГРК Борец подобар од Вардар Јуниор, на натпревар од супер – лигата

Младиот состав на РК Вардар Јуниор доживеа нов пораз, во рамките на натпревар од најсилната супер лига. Црвено-црните беа поразени на гостувањето во Велес, против екипата на ГРК Борец, со резултат 37:33.

По првите пет минути се играше гол за гол, по што домашниот тим во два наврати имаше позитива од два гола (5:3 и 6:4). Избраниците на Стојан Петрушевски не дозволија уште на стартот противникот да се одлепи, па набргу го израмнија резултатот, дури поведоа и со 6:7 и 7:8, за екипата на Борец да постигне три последователни голови и да го врати водството на 10:8. При резултат од 12:11, следи серија на домашниот тим од 3:0 за највисоки 15:11, но црвено-црните вратија на ист начин и стигнуваат до само еден гол негатива (15:14). Беше и 17:16, но Вардар м дозволи на Борец да ги постигне последните четири голови во првиот дел и на одмор да замине со најголема предност од 21:16.

Во второто полувреме гледавме израмнета игра, се до моментот кога Борец се одлепи на разлика од седум гола (30:23) и полека го најави победникот на овој натпревар. Иако Вардар стигна да намали на само три погодоци (33:30) немаше сили за нешто повеќе и за неизвеснот во финишот. На крајот ГРК Борец славеше триумф со резултат 37:33.

Во нашите редови единствено расположени за игра беа Дејан Кукуловски, кој мечот го заврши со 10 постигнати голови, како и Стефан Трпчевски кој постигна 9.

РК Вардар Јуниор: Кизиќ, Димов 3, Ангелковски, Чакалиќ, Крстевски 3, Мишевски 1, Димитровски 3, Владимиров, Атанасовски 2, Петковски, Трпчевски 9, Гашоски, Кукуловски 10, Стојменов 2, Атанасовски, Цветаноски 1.