Серијата на победи на Вардар над Шкендија во Скопје продолжува. Вардар иако одигра слабо прво полувреме, сепак, во второто покажа дека и со едно добро одработено полувреме може да ја совлада Шкендија. Еден од најзаслужните за целосниот пресврт е Максим Максимов, иако ова беше прв настап во Вардар, Русинот покажа дека е голема класа од играч. Вардар во вториот дел постигна дури четири погодоци, за конечни 4:2 (0:1).
Видео од головите и најинтересните шанси: