Викендов се оддржа полумаратонската трка во рамките на 19-от традиционален маратон “Sri Chinmoy Self-transcendence Marathon 2017″. Истата се одржа во неделата во Скопје во организација на Маратонскиот Клуб “Шри Чинмој”. На овој настан настапија тројца членови на Атлетскиот клуб Вардар: Ивановски, Мартиновски и Јакимовски. Одличен успех за нашите момци кој дојдоа до “бронза“ и победа на оваа трка.
Нашиот атлетичар Марко Ивановски е победник полумаратонскат делница,после долго време со пехови и повреди успеа да круниса трка со највисокото место на пиедесталот. Тој го освои 1-то место со резултат 1:19;23, пред Александар Кирковски од ПК “Македон” (1:21;51), додека 3-то место му припадна исто така на нашиот атлетичар и тренер Трпе Мартиновски (1:22;19), кој пак го освои и 1-то место во категоријата Ветерани. Третиот учесник од црвено-црните, нашиот Влатко Јакимовски го освои 21-то место со резултат 1;43;24.