Денес во градот Прилеп се одигра новото коло од кадетската и младинската лига, во овие два дуели ФК Победа ги пречека врсниците од нашиот фудбалски клуб Вардар. Ние на ова гостување одигравме еден натпревар реми и впишавме еден минимален пораз.
Кадетите го одиграа први својот дуел тие успеаа да донесат реми од овој натпревар. Избраниците на Влатко Колев со врсниците од ФК Победа одиграа 1-1 (0-0). Дуелот го почнавме со следните момци: Зибери, Радевски, Калчиновски, Пешевски, Петковски, Дарлишта, Адем, Ибиши, Реџепи, Филипоски и Димоски.
Во првиот дел двата тима имаа серија прилики за отварање на резултатот, сепак на одмор по 45.минути се замина со почетниот резултат 0-0. Двајцата голмани Вукмевски Бојан и нашиот Малик Зибери недозволија да бидат совладани во првиот период. Во вториот дел освеживме од клупата во игра влегоа и Младеновски Марио и Младеновски Мартин. Се обидувавме да погодиме за водство, сепак домаќинот поведе со 1-0 во 65.минута. Стрелец за прилепчани беше Свртиновски Христијан. Веднаш потоа ние отидовме во целосен атак со цел да извадиме поволен исход, седум минути потоа преку Дарлишта Кренар успеавме да изедначиме на 1-1, резултат со кој заврши овој дуел и се поделија бодовите.
Младините на Вардар и Победа одиграа ефикасен дуел, во мечот со пет погодоци домаќините триумфираа со минимални 3-2 (2-0). Тренерот Петар Ѓоргиевски дуелот го почна со: Тимевски, Џуклевски, Милковски, Димов, Јовановски, Трајчевски, Стојановски, Благоевиќ, Маркоски, Бериша и Тодоровски Т.
Во првиот дел домаќинот успеа да отиде на одмор со капитална предност од два погодоци. Најпрвин играчот со бројот 17 во домашниот состав, Каралиоски Христијан погоди за 1-0 во 18.минута. Ние се обидувавме во продолжение да погодиме, но залудно. Домаќинот преку Димовски Филип во 34.минута го удвои водството и поведе со 2-0, резултат кој остана на сила се до одморот. Ние иако се обидовме не успеаве да погодиме во првиот дел. Во вториот дел играа за нас уште и Битиќи Саит и Јахја Абдулхади. Домаќините преку Пановски Игор успеаа во 55.минута да поведат со високи 3-0. Сепак нашите момци не се одкажаа и се обидоа да намалат. На сцена стапи во продолжение нововлезениот Јахја Абдулхади, тој само три минути најпрвин во 81.минута намали на 3-1, а потоа веднаш во 84.минута и на 3-2. Во финишот немавме сила за гол кој би донел реми и големо враќање по високите 3-0.