Пионерите никако не можат да ја пронајдат својата игра и денес го претрпеа вториот пораз. Поуспешни во дуелот со нив беше екипата на Победа од Прилеп, која славеше минимално со резултат од 0:1.
ФК Вардар: Рамадани, Манасиевски, Астарџиев, Ѓурковски, Петејчук, Ристовски, Андоновски, Салиу, Игнатов, Николов, Хасановиќ.
Првиот директен удар на овој наптревар го имаше Александар Ѓурковски, кој бие во рацете на голманот на Победа. Вардар имаше голема шанса да го отвори резултатот, но Давид Ристовски немаше среќа кога ја погоди пречката од голот на гостите. Врати екипата од Прилеп и тоа сериозно во два наврати кога чисти зицер удари одбрани нашиот голман Суфијан Рамадани, кој спречи неговиот тим да биде во негатива.
До крајот на првото полувреме Вардар ја имаше иницијативата на теренот, но сепак не успеавме да постигнеме гол. Анатолиј Петејчук имаше обид од десната страна, но одбрани голманот на Победа, а веднаш после него и Леонид Игнатов се најде во прилика, која остана без реализација. Втората најголема прилика кај Вардар ја имаше Малик Хасановиќ, кој доби топка во празно од Ристовски, но Хасановиќ бие само покрај голот. По првото полувреме резултатот е оној почетниот 0:0.
Измена на стартот на вториот дел, од игра излезе Николов а во игра влезе Мартин Спировски, Ладен “туш“ на теренот на академијата, уште на почетокот на вториот дел Победа постигна гол и го отвори резултатот за 0:1. Вардар се обидуваше да го израмни резултатот, но беа безопасни во своите напади. Направени две измени кај нас, во игра се и Самир Хасиќ и Алдин Цури, на местото на Салиу и Петејчук. Од слободен удар се обиде и Ристовски, но само во рацете на добро поставениот голман на Победа. Најблиску до израмнување беше Хасановиќ, чиј удар го брани голманот на гостинската екипа. До крајот резултатот остана 0:1.
Ова е втор пораз за пионерите на ФК Вардар, кои имаат уште и четири нерешени резултати и два порази. Моментално тие се најслабата генерација на Вардар која се натпреварува во првенството.