Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите одиграа реми, младинците поразени на гостувањето кај ФК Победа во Прилеп
Кадетите одиграа реми, младинците поразени на гостувањето кај ФК Победа во Прилеп

Кадетите одиграа реми, младинците поразени на гостувањето кај ФК Победа во Прилеп

Денес во градот Прилеп се одигра новото коло од кадетската и младинската лига, во овие два дуели ФК Победа ги пречека врсниците од нашиот фудбалски клуб Вардар. Ние на ова гостување одигравме еден натпревар реми и впишавме еден минимален пораз.

Кадетите го одиграа први својот дуел тие успеаа да донесат реми од овој натпревар. Избраниците на Влатко Колев со врсниците од ФК Победа одиграа 1-1 (0-0). Дуелот го почнавме со следните момци:  Зибери, Радевски, Калчиновски, Пешевски, Петковски, Дарлишта, Адем, Ибиши, Реџепи, Филипоски и Димоски.

Во првиот дел двата тима имаа серија прилики за отварање на резултатот, сепак на одмор по 45.минути се замина со почетниот резултат 0-0. Двајцата голмани Вукмевски Бојан и нашиот Малик Зибери недозволија да бидат совладани во првиот период. Во вториот дел освеживме од клупата во игра влегоа и Младеновски Марио и Младеновски Мартин. Се обидувавме да погодиме за водство, сепак домаќинот поведе со 1-0 во  65.минута. Стрелец за прилепчани беше Свртиновски Христијан. Веднаш потоа ние отидовме во целосен атак со цел да извадиме поволен исход, седум минути потоа преку Дарлишта Кренар успеавме да изедначиме на 1-1, резултат со кој заврши овој дуел и се поделија бодовите.

ml

Младините на Вардар и Победа одиграа ефикасен дуел, во мечот со пет погодоци домаќините триумфираа со минимални 3-2 (2-0). Тренерот Петар Ѓоргиевски дуелот го почна со: Тимевски, Џуклевски, Милковски,  Димов, Јовановски, Трајчевски, Стојановски, Благоевиќ, Маркоски, Бериша  и Тодоровски Т.

Во првиот дел домаќинот успеа да отиде на одмор со капитална предност од два погодоци. Најпрвин играчот со бројот 17 во домашниот состав, Каралиоски Христијан погоди за 1-0 во  18.минута. Ние се обидувавме во продолжение да погодиме, но залудно. Домаќинот преку  Димовски Филип во  34.минута го удвои водството и поведе со 2-0, резултат кој остана на сила се до одморот. Ние иако се обидовме не успеаве да погодиме во првиот дел. Во вториот дел играа за нас уште  и Битиќи Саит и Јахја Абдулхади. Домаќините преку Пановски Игор успеаа во  55.минута да поведат со високи 3-0. Сепак нашите момци не се одкажаа и се обидоа да намалат. На сцена стапи во продолжение нововлезениот Јахја Абдулхади, тој само три минути најпрвин во 81.минута намали на 3-1, а потоа веднаш во 84.минута и на 3-2. Во финишот немавме  сила за гол кој би донел реми и големо враќање по високите 3-0.