Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Комити > Демант на Комити: Вардар е нашата партија, Македонија нашата татковина!
Демант на Комити: Вардар е нашата партија, Македонија нашата татковина!

Демант на Комити: Вардар е нашата партија, Македонија нашата татковина!

Навивачката група Комити реагираше и демантираше дел од медиумите. Ви ја пренесуваме целата реакција на навивачката група на Вардар.

ДЕМАНТ!

Огорчени од денешната објава на “Фокус” со наслов “Ја почнаа ли комитите кампањата за избор на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ од своите трибини?” повикани сме веднаш и остро истата да ја демантираме во целост. (во коментар објавата на “Фокус“ во целост)
Дали авторот и нарачателот на оваа небулозна и крајно несериозна објава знае како и колку време Комитите и сите останати навивачки групи со реноме во Европа и светот ги спремаат кореографиите? Еве ќе откриеме, макотрпно, 7 дена конкретно, и тоа би било одговорот на сите дилеми, значи 7 дена, Дали тоа ви значи нешто?
Дали авторот и нарачателите живеат со мислењето дека Комитите не чуле за ‘Пиреј’ од Петре М. Андреевски? 

Кои сте вие да го оцрнувате трудот на младите Комити кои доброволно без никаков надомест од срце, во името на промоцијата на ФК Вардар и Република Македонија во Европа спремаат спектакл, од кој корист и бенефит има Македонската држава? 
Кореографијата и навивањето ги виде цела Европа, а вашиот небулозен текст за локална краткорочна употреба ќе биде заборавен откако ќе ја отслужи целта заради која е напишан.
Кои сте вие на Црвено-Црната Армија да и подметнувате партиски белег? Што се замислувате? 

Ја замајувате јавноста со лаги и инсинуации, со сила во спортот вметнувате политички елементи каде не и им е место, и се прашуваме дали вие верувате во тоа што го пишувате?
Судејќи според тоа колку тука има било што“независно и објективно”, се прашуваме дали овој брутално понижувачки текст објавен од страна на овој “независен” медиум ја наговестува политиката која во наредниот период ќе се води кон навивачката група Комити Запад.

Вардар е нашата партија, Македонија нашата татковина!!!