Силно темпо на одигрување натпревари за екипата на РК Вардар, која денес гостува во Словенија, на екипата на Целје П.Л. Натпреварот започнува од 17:45 часот со директен преност на МРТ-1.
Вардар е лидер во СЕХА-лигата, каде по пет одиграни натпревари има исто толку победи. Црвено-црните во овој дел од сезоната ги совладаа екипите на Металург, Брест Мешков, Горење, Татран Прешов и ППД Загреб. Екпата на Целје се наоѓа на петтото место на табелата, со три победи и по еден пораз од Брест Мешков и нерешен резултат. Минатата сезона Вардар и Целје одиграа четири натпревари, по два во рамките на СЕХА и лигата на шампионите и на сите црвено-црните излегуваа како победници.
Целје оваа сезона е ослабен за еден Блаж Јанц кој замина во Киелце, потоа Лука Жвижеј кој премина во ПСЖ, Вид Потеко потшиша за Брест Мешков и Миха Зарабец кој отиде во бундес лигата, во екипата на Кил. Најзвучно засилување е братот на Алекс, Дани Душеваев кој се наоѓа на позајмица, откако Киелце каде како тренер работи неговиот татко потпиша договор со младиот шпанец. Тука се и бекот Лука Митровиќ кој дојде од ривалот, Горење како и Бранко Вуовиќ кој пристигна од Киелце и пикерот Игор Аниќ. Најголема опасност по Вардар ќе доаѓа од десниот бек, Жига Млакар кој интересно е најдобар стрелец во лигата на шампионите по пет одиграни кола. Истиов играч е трет најдобар стрелец во СЕХА-лигата, а прв во својот тим. Веднаш после него се уште едно засилување во новата сезона, се работи за Јан Јуречиќ како и Лука Митровиќ. Тука е и голманот Урбан Лесјак кој одлично брани оваа сезона. Целје во лигата на шампионите направи големо изненадување, совладувајќи го пред својата публика фаворитот Киелце.
Не очекува интересен натпревар, на кој Вардар ќе се обиде да ја продолжи победничката серија. Овој дуел е прогласен за меч на колото во СЕХа-лигата.