Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Пионерите на Вардар Јуниор триумфално низ Тетово, момците на Зенга победија против РК Кромак
Пионерите на Вардар Јуниор триумфално низ Тетово, момците на Зенга победија против РК Кромак

Пионерите на Вардар Јуниор триумфално низ Тетово, момците на Зенга победија против РК Кромак

Денес во Тетово се одигра 5.коло во пионерската машка ракометна лига, во ова коло младите момци на РК Вардар Јуниор гостуваа кај РК Кромак Тетово. Вардаровите надежи предводени од Зоран Петковски-Зенга дојдоа до нов триумф, тие победија со 12-17 (7-10) на ова гостување.

Први со гол овој натпревар го отворија црвено-црните пионери, потоа домаќините со два последователни погодока успеаа да поведат со 2-1 на овој дуел. Ние успеавме да изедначиме во 6.минута на 2-2, потоа се играше постојано околу резултатската симетрија беше 3-3, 4-4, 5-5 и на крајот 6-6, резултат со кој веговме во финишот. Последните минути припаднаа на вардарци, тие одиграа одлично во одбраната, во нападот погодуваа. Со брилијантна серија 1-4 поведовме со 7-10, резултат со кој заминавме на одмор на овој натпревар.

k21a
Вториот дел како и првиот го почнавме со погодок за нас, погодувајќи првпат за “плус четири“ момците на Зенга го отворија вториот дел со резултат 7-11. Следеа минути во кој домаќинот се обиде и успеа да анулира дел од негативата, тие со серија 3-1 успеаа некаде на средината од вториот дел во овој пионерски дуел да намалат на само два гола, односно резултатот беше 10-12. Брзо вративме со два последователни гола и се одлепивме повторно на “плу четири“ овојпат поведувајќи со 10-14. Следеа мирни минути во кој двата тима постигнаа по два погодоци во противничката мрежа, ние во последата минута влеговме со високи 12-16. До крајот погодивме уште еднаш, првпат поведувајќи со пет гола, триумфираве на овој дуел со 12-17.

Во нашите редови Христијан Петковски стрелаше дури 7 пати, а одлична поддршка имаше и од Андреј Петрушевски кој постигна 5 гола. Ова беше вкупно трета победа за Вардар Јуниор и последен натпревар во есенскиот дел од сезоната.