Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > ЖРК Вардар гостува кај поранешниот Европски шампион, по трета последователна победа во ЛШ
ЖРК Вардар гостува кај поранешниот Европски шампион, по трета последователна победа во ЛШ

ЖРК Вардар гостува кај поранешниот Европски шампион, по трета последователна победа во ЛШ

Денес со почеток од 17 часот, Европскиот вицешампион, екипата на ЖРК Вардар гостува во Норвешка во рамките на третото коло од групата против екипата на Ларвик.

Ларвик не е истиот тим од претходната сезона, кој стигна во најдобрите осум екипи, бидејќи дури 11 ракометарки го напуштија шампионот на Норвешка. Дел од екипата не се веќе Марит Фрафјорд, Ања Един Хамерсенг и Гро Един Хамерсенг, голманката и интернационалката од Црна Гора, Алма Хасаниќ, Вилде Јохансен, најдобриот стрелец од минатата сезона, Аманда Куртовиќ, Лена Лове, Теа Морк, Алина Војташ, Катрин Фјаере, Сана Солберг и Тофт Галсгард. Нивните места ги пополни ракометарки кои се непознати за Европската ракометна јавност и пред се млади играчи кои допрва треба да се докажуваат и стекнуваат искуство преку натпреварите во најголемото натпреварување. Најголема опасност по нашиот гол на денешниот дуел требаше да  биде домашната ракометарка, се работи за Лин Кристин Ригелут која беше дел од шампионскот тим, кога во 2011 година Ларвик ја освои лигата на шампионите. Сепак пред 15 дена од Ларвик објавија дека нивната најдобра ракометарка е бремена и ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната, а најверојатно и тука завршува нејзината играчка кариера, откако истата веќе има наполнето 33 години и е на самиот крај на активно играње ракомет. Ова е само уште една добра околност и олеснителност за Вардарки во пресрет на денешниот меч, иако и со нејзе во ссотавот, црвено-црните ќе беа големи фаворити за освојување на бодовите.

Денешниот наш противник не игра најдобри ниту во првенството на Норвешка каде претрпе веќе два порази. Се поизгледно е дека по 18 години оваа земја ќе добие нов женски ракометен шампион, а за најголем фаворит се смета Виперс Кристиансанд. Ларвик претрпе порази во националното првенство од Фредрикштад и Лола а има и четири победи. Токму Лин Кристин Ригелут беше заслужна за победите, каде постигнуваше двоцифрен број на погодоци. Ларвик не започна добро ниту во ЛШ, каде има два порази од исто толку одиграни натпревари. Најпрво на домашен терен со пораз ја започнаа сезоната против екипата на Турингер, за во следното коло без бодови да заминат и од гостувањето во Будимпешта, против екипата на ФТЦ. Вардар и Ларвик имаат одиграно четири меѓусени дуели, на кои две победи има Вардар, еден меч добил Ларвик и еден завршил со нерешен резултат и тоа во дебитанската сезона на Вардарки во ЛШ, кога во С.Ц. Борис Трајковски екипите одиграа со поделба на бодовите (27:27), за Вардар во последното коло тогаш од групата фаза да триумфира на гостински терен и да го обезбеди првото место во групата. Најубедливата победа во дуелите со денешниот противник, сигурно сите ја паметиме, а таа е издвојувана минатата сезона, кога во рамките на првиот четврфинален меч одигран во Скопје, нашите девојки славеа голем триумф со 34:20.

Во Норвешка отпатуваа истите ракометарки како и на гостувањето во Германија. Очекуваме нова добра игра на Вардарки и трета последователна победа во лигата на шампионите.