Денес на терените на ФК Работнички во Градскиот Парк во Скопје се одига еден дуел кај генерацијата родени 2010 година во детската лига. Во тој дуел утринава екипата на ФК Вардар (2) генер. “2010“ предводена од Зоран Петковски се сретна со тимот на Гроздановски и дојде до победа со пресврт во вториот дел. Ние триумфиравме со резултат 5-3 (1-3), фотогалерија погледни ОВДЕ!
Првиот дел започна со прилика за младите момци на Грозданоски кои имаа шанса да го отворат резултатот, сепак нашиот голман беше на висина на задачата. По неколку прилики на двете страни први со погодок дуелот го отворија Грозданоски стрелајќи за 0-1 на овој дуел, стрелец беше Андреј Симоновски. Ние се трудевме да изедначиме, конечно преку Јован Спасовски успеавме да стреламе умешно за резултатска симетрија на дуелот, 1-1. До крајот на првиот дел имавме криза во нашата игра тоа го искористи ривалот и со два гола поведе со 1-3 на овој натпревар кај најмалите учесници во детската лига. Двата гола повторно ги погоди Симоновски Андреј, кој во првиот дел одигра фантастично и беше креатор на водството на ривалот со три гола и најдоброт поединец на теренот во првиот дел . Токму со тој резултат и се замина на пауза.
Во вториот дел црвено-црните по советите и мотивацијата на нивниот тренер Петковски влегоа далеку пожестоко и со голема желба за надигрување. Тоа вроди со плод бидејќи успеавме да направиме пресврт во вториот дел и да ја зачуваме мражата во текот на целото полувреме. Фуриозно почна Васовски Петар кој најпрвин намали на 2-3, а веднаш потоа изедначи на 3-3 внесувајќи живост во нашите редови. Следеше нов напад во кој Драган Гечев погодо за прво водство за нас на овој дуел, тој стрелаше умешно за 4-3. По тој гол повторно Васовски Петар син на легендарниот вардаров фудалер и сегашен помошен тренер во првиот тим Александар Васовски дојде на сцена. Со неговиот трет погодок успеавме да поведеме и со 5-3. Целиот пресвер во вториот дел кога постигнавме дури четири гола траеше пет минути, за толку краток период го скршивме ривалот. Овој дуел заврши токму со тој резултат 5-3.