Зад нас е ЕХФ-неделата во која поголем број играчи на црвено-црниот ракометен колектив имаа покани за своите селекции. По крајот на истата полека црвено-црниот тим се враќа и се става на располагање на Раул Гонзалес кој работеше во оваа ЕХФ-недела со македонската А-селекција.
Нашите момци неделава повторно по паузата ги очекува натпревар од елитната европска лига каде се бранители на круната, шампион на “стариот континент“. Во сабота, 4-ти ноември лидерот во А-групата РК Вардар му гостува на Кристијанштад. Почетокот на овој натпреварот од шестото коло во ЕХФ Лигата на Шампионите е закажан за 18-00 часот. Вардар во својата група е лидер со 9 бода, еден помалку има Рајн Некар кој е следен противник на домашен терен за момците на Гонзалес. За тој дуел веќе е одпочната продажбата на билети.