Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Пет играчи на ФК Вардар, дел од младинската репрезентација до 19 години, на квалификацискиот турнир во Скопје

Пет играчи на ФК Вардар, дел од младинската репрезентација до 19 години, на квалификацискиот турнир во Скопје

Уште една младинска фудбалска репрезентација ќе биде домаќин на квалификациски турнир, за пласман на во УЕФА Елитна рунда за Европско првенство. Се работи за селекцијата на играчи до 19 години кои ги предводи селекторот Вујадин Станојковиќ. Македонија е во група со репрезентациите на Белгија, Лихтештајн и Швајцарија.

За овој квалификациски турнир, селекторот Станојковиќ повика пет играчи од фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за голманот Методија Велковски, бековите Филип Антовски и Тодор Тодороски, играчот од средниот ред Филип Стојчевски, како и напаѓачот Бојан Колевски. Велковски е прв голман на кадетскиот и младинскиот состав на Вардар, а на последните два првенствени натпревари бранеше за кадетите. Антовски е прв избор на позицијата лев бек во младинскиот состав предводен од Петар Ѓорѓиевски. Знаеме дека Стојчевски е дел и од првиот тим на ФК Вардар, кој доби шанса да биде стартер на мечот со Работнички. Тука е и напаѓачот Колевски, кој има запишано настап за првиот тим, а прв избор и во нападот на младинската екипа на Вардар.

Квалификацискиот турнир ќе се одигра од 8-14-ти ноември во Скопје. Во состав на оваа репрезентација се наоѓаат играчи како Елиф Елмас иДарко Чурлинов кој е поранешен играч на Вардар.