Во сабота продолжуваат настапите за екипата на ЖРК Вардар во лигата на шампионите. Избраничките на Дибирова имаат можност да ја забележат својата четврта последователна обеда во групата Ц. Во арената Јане Сандански со почеток од 17 часот ќе гостува екипата на Ларвик, која пред десеттина дена ја совладавме убедливо во Норвешка.
За саботниот меч се пуштени билетите во продажба и можат да се набават секој ден пред билетарницата на спортскиот центар Јане Сандански, по симболична цена од 150 денари, како и преку продажната мрежа на ТикетПлус и онлајн на www.ticketplus.mk. На натпреварот можат да присуствуваат и сите оние кои имат сезонски билети за мечевите на ЖРК Вардар, како и Вардар ПАСС картичка.