Дали ФК Вардар може да се надмине себе си е прашање, на кое одговор ќе добиеме во четврток. Во многу незгоден момент доаѓа уште едно тешко гостување за црвено-црните, овој пат во рамките на четвртото коло од Лигата на Европа. Избраниците на Чеде Јаневски незнаат за позитивен резултат, уште од дербито со Шкендија, кога одиграа само едно добро полувреме и го победија големиот ривал за шампионската титула во домашното првенство. Од тој меч следи црна серија и тешка криза за нашиот фудбалски шампион кој на последните четири натпревари успеа да постигне само еден гол.
Најпрво бевме декласирани токму од следниот наш противник, екипата на Реал Сосиедад која се покажа како многу надмоќна и поквалитетна за неколку класи од нашиот шампион, кој не порази убедливо на арената “Филип Втори“. Следуваше гостување во Прилеп, каде неочекувано бевме поразени од екипата на Победа,минимално со резултат од 1:0. Кога мислевме дека ќе ги залечиме раните од овие два порази, следуваше уште еден потежок и тоа од градскиот ривал, кој претходно беше во резултатска криза, но сепак Работнички се покажа како подобра екипа на тој натпревар и го дби дербито со Вардар со резултат 3:1, кој беше наш единствен постигнат гол на последните четири меча и тоа со удар од белата точка, дело на Дејан Блажевски. Неуспех беше и нерешениот резултат во Кратово, против екипата на Силекс во минатото коло од ПМФЛ, каде одигравме само со нерешен резултат иако Вардар може да биде среќен и со освоениот бод, со оглед дека домашниот тим промаши удар од белата точка. Колку имаше време Вардар да се “рехабилитира“ од овие лоши резултати и игри, останува да видиме во четврток на стадионот “Аноета“ во Сан Себастијан, каде црвено-црните треба да се надминат себе си за да извлечат поволен резултат. Јунаците секогаш се познаваат на мака, а дали ќе биде така останува да видиме на дуелот со Реал Сосиедад. Во текот на утрешниот ден, Вардаровата експедиција треба да замине за Шпанија.