Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Арпад Штербик е прогласен за најдобар играч на месец октомври, во лигата на шампионите
Арпад Штербик е прогласен за најдобар играч на месец октомври, во лигата на шампионите

Арпад Штербик е прогласен за најдобар играч на месец октомври, во лигата на шампионите

Европскиот ракометен шампион имаше одличен старт на сезоната, каде по пет одиграни натпревари во најсилната група А има четири победи и еден нерешен резултат. Добрите игри и победи одат на голема заслуга на нашиот голман, Арпад Штербик кој на почетокот на сезоната браникако препороден и како во своите млади години. Се наоѓаше во идеалниот тим на колото и неговите одбрани наоѓаа место во најдобрите пет на колото во лигата на шампионите. Тоа беше и повеќе од доволна причина, ЕХФ да го избере Штербик за играч на месец октомври. Конкуренти за ова признание му беа Енди Шмит од Рајн Некар, Сандер Сагосен од ПСЖ, Вуко Борозан од Вардар и Момир Илиќ од Веспрем.

Кога бев млад индивидуалните награди многу ми значеа, а како што минува времето повеќе се фокусирам на тимскиот успех. Ако се земе предвид дека набрзо ќе наполнам 38 години и има многу добри голмани во ЛШ, се разбира дека е убаво чувството да се биде избран за играч на месецот. Имавме тешки натпревари во октомври, бидејќи имавме противник во ПИК Сегед на ниво како нашето, и секој тим има потешкотии кога игра таму. Од друга страна никогаш не знаеш што можеш да очекуваш на средба против ППД загреб, но нашата предност е што игравме во „Јане Сандански” и имавме направено детална анализа на противникот пред мечот, истакна Арпад.

Вардар успеа да го добие и натпреварот за првото место во групата, каде во Јане Сандански го победивме тимот на Барселона, а клучна фигура во триумфот беше Штербик кој беше прогласен и за најдобар голман на колото.

-Победата против Барселона ни значи многу, и за задржување на првото место во групата. Според експертите ние сме меѓу фаворитите сезонава, но од искуство можам да кажам дека фаворитите се менуваат со време. Имаме добра серија, па дури и да завршиме први во групата пото апак ќе ни биде тешко. Одиме чекор по чекор, го анализираме секој ривал. Нашата цел е да дадеме сѐ од себе на секој меч, и се разбира сакаме да играме во Келен и да се сретнеме со некои големи ривали таму,