Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Никлас Ландин нов голман на Вардар?
Никлас Ландин нов голман на Вардар?

Никлас Ландин нов голман на Вардар?

По информациите за голем број заминувања од Вардар, доаѓа една одлична вест, по се изгледа нов голман на РК Вардар од следната натпреварувачка сезона ќе биде Никлас Ландин од редовите на Кил.

Станува збор за доста добро познато име, еден од топ – 5 голмани во светот во овој момент. Данецот во овој момент настапува за тимот на Кил, договор со овој германски тим има до јуни 2018 година.

Никлас Ландин ќе биде замената за Арпад Штербик кој би требало да го напушти црвено – црниот тим по завршувањето на оваа натпреварувачка сезона.

Покрај нов голман, Вардар со сигурност ќе добие и екстра замена за Циндриќ.