Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Вардар за ЛШ го пријави “супер талентот“ 16 годишниот Кизиќ, Царчев: Тој ќе биде “македонскиот Ландин“
Вардар за ЛШ го пријави “супер талентот“ 16 годишниот Кизиќ, Царчев: Тој ќе биде “македонскиот Ландин“

Вардар за ЛШ го пријави “супер талентот“ 16 годишниот Кизиќ, Царчев: Тој ќе биде “македонскиот Ландин“

Вардар го искористи рокот за дополнително пријавување играчи во Лигата на шампионите за да го дополни тимот со најголемата надеж меѓу голманите во Македонија.

За остатокот од сезоната во Лигата на шампионите Вардар го пријави Марко Кизиќ. Станува збор за 16-годишен голман од школата на црвено-црните, кој е огромен потенцијал. Тој беше дел од репрезентацијата до 17 години, предводена од Данило Брестовац, која последниов викенд гостуваше во Полска на подготвителен турнир. Моментално брани екипата на Вардар Јуниор, која се натпреварува во супер-лигата. Раул Гонзалес му даде шанса да биде дел од првиот тим во подготвителниот период, на турнирот во Германија организиран од екипата на Гумерсбах.

Кизиќ уште сега е корпулентен за својата генерација, со широк распон на рацете, но и добар рефлекс. Има и повозрасен брат, Никола Кизиќ, кој е младински репрезентативец. Малиот Кизиќ е многу голем талент, се гледа уште сега дека го има чувството и ако работи како што треба ќе биде голман. Тој ќе биде македонскиот Ландин“, во шега, но истовремено сериозен коментира за него и тренерот на репрезентативните голмани, Александар Царчев. продолжи со читање на  sport1.mk