Утринава на програмата во Детска лига на терените на Работнички ја отвори екипата на Вардар од генерацијата 2010 и тимот на Шкупи. Овој натпревар тимот на Вардар (1) генерација 2010 го доби со убедливи 10:0. Противникот на овој натпревар немаше што да бара против доминантните момчиња на тренерот Петковски Зоран, кои можеа да слават уште поубедливо.
Имавме целосна доминација уште од стартот на натпреварот, кога екипата од Чаир беше потисната на својата половина. Гол – шоуто на овој натпревар го започна играчот Стефан Ристиќ кој погоди за водство на Вардар од 1:0. Веднаш после него во шанса се најде и Марко Јовановски, но противничкиот голман успева да го одбрани ударот. Огнен Сивески зголеми на 2:0 за тимот на Вардар. Следуваше гол на Матеј Чедевски за веќе убедливи 3:0. Следуваше нова добра акција на Вардар преку Чедевски, голманот на Шкупи го одбрани овој удар, а исто така нов обид имаше и Ристиќ, но противничкиот голман спречи поголема негатива.
Одново на сцена стапи Стефан Ристиќ, со неговите два нови гола денеска зголеми на 5:0. Ристиќ не застана, следуваше нов гол, четврти за 6:0. До крајот на првото полувреме уште еден гол и повторно во мрежата на Шкупи, прв на денешниот меч за Марко Јовановски, кој ги постави 7:0 по завршување на првите 20 минути.
И во второто полувреме тргнавме фуриозно кон голот на екипата од Чаир, не помина ниту една минута кога Константин Трајков се запишува во листата на стрелци и му носи висока предност на својот тим од 8:0. Истиов играч можеше набрзна да постигне два гола, но неговиот удар сега го брани голманот. Во шанса се најде и денес активниот Ристиќ, кој бие, но без реализација. Чедевски од редовите на Вардар немаше среќа, кога ја погоди стативата од голот н Шкупи, но затоа со со својот прв гол денес Филип Наумовски зголемува на 9:0. До моментот кога го поставивме конечниот резултат имавме уште две шанси, кои останаа нереализирани, за точка на мечот да стави Далибор Марковиќ, кој ги постави конечните 10:0 на натпреварот.