Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > ФК Вардар (1) генер.2007 обезбеди висок триумф, одлично деби на Иван Стојановиќ , ФК Вардар(2) забележа пораз
ФК Вардар (1) генер.2007 обезбеди висок триумф, одлично деби на Иван Стојановиќ , ФК Вардар(2) забележа пораз

ФК Вардар (1) генер.2007 обезбеди висок триумф, одлично деби на Иван Стојановиќ , ФК Вардар(2) забележа пораз

Денес на терените на ФФМ генерацијата родени 2007 година на фудбалскиот клуб Вардар одигра ново коло во детската лига. Момците на Томче Трајановски забележаа една победа и еден пораз на овие два натпревари.

o2

ФК Вардар -1  генер.2007 се сретна со ФК Фортуна и победи со високи 6-1. Натпреварот почна со доминација во поле на наште момци. Во овој дуел иамвме дебитант во нашите редови, тренерот Томче Трајановски промовираше нов талент. Иван Стојановиќ кој го почна натпреварот со удар во гредата. Во следната прилика одлично асистираше до Шиков Симон кој одлично реализираше за 1-0 и наше водство. Имавме повеќе од играта во првот дел, тоа го награди Филип Кузаревски со погодок за удвојување на водството, тој погоди за 2-0.  Одличната игра во поле конечно си ја награди со гол дебитантот Иван Стојановиќ, тој погоди за 3-0 во моментите кога доминиравме целосно на теренот во однос на нашиот ривал. Со овој гол и со предност од три погодоци заминавме на одмор.

o3

Вториот дел почна како и првиот со доминација на црвено-црните, нашиот ривал се одлучи за дефанзива пред налетите на нашите момци.Прва шанса имаше Злате Радевски чиј удар заврши над гредата. Потоа на нашиот гол блесна со неколку интервенции Даниел Исајловски кој дваше сигурност на тимот. Дебитантот Иван Стојановиќ повторно беше во центарот на вниманието, украде една топка од одбраната и умешно стрелаше за високи 4-0. Имавме серија шанси во продолжение кои не ги крунисавме со нов гол. Сепак кратко траеше “постот“ во новата прилика која ја создаде Иван Стојановиќ умешно асисираше до Лебариќ Драган кој погоди по земја за “петарда“ односно 5-0. Нашиот ривал успеа по добиен пенал (од три корни) да постигне почесне гол, тие намалија на 5-1 со нивниот прв и последен погодок на овој дел.  Јордановски Михаел успеа пред самиот финиш да упати јак удар, голманот не можеше да ја исконтолира топката кратко ја одби на истата налета  Иван Стојановиќ кој ги постави конечните  6-1 на овој дуел.

o4

Во другиот дуел во кој игравме со ФК Вардар (2) бевме поразени од екипата на Албион со 5-3 (3-1). Во првото полувреме иако игравме солидно на пауза заминавме со негатива од два погодоци. Противникот успеа да постигне три гола во нашата мреажа,а ние постигнавме еден погодок во мрежата на екипата на Албион. Стрелец за црвено-црните избраници на Томче Трајановски во првиот период беше Киш Марко.

o5

Во вториот дел нападнавме со цел да ја анулираме предноста на противникот , но не успеававме да погодиме во мрежата на нашиот ривал. Тоа беше казнето со два погодоци во нашата мрежа. Противникот најпрвин зголеми на 4-1, а во продолжение успеа да поведе и со 5-1. По оваа негатива се разбудивме и бевме далеку подобар противник во продолжението. Тоа го крунисавме со гол на Марко Крстевски кој успеа да намали на 2-5. Во продолжение повторно истиот играч беше во прилика за нов го, неговиот удар заврши во мрежата на Албион. Со вориот гол на Крстевски намаливме на 3-5. Токму со овој резултат заврши овој дуел кај генерацијата роденени 2006 година.