Денес на терените на ФФМ во Ново Лисиче ФК Вардар генерација родени 2005 одигра два дуели со екипи од Куманово. Избраниците на Ане Андовски и во двата дуела дојдоа до високи победи во детската лига.
Во привиот дуел екипата на Вардар (1) генер. “2005“ се сретна со тимот на ФК Еуроспорт од Куманово. Во овој дуел дојдовме до висока победа, со целосна доминација особено во вториот период од овој натпревар. Во привиот дел успеавме да стрелме три пати во мрежата на кумановчани, сепак тоа не беше реален одраз на мечот имавме далеку подобра игра во поле и заслуживме повеќе погодоци, кои сепак дојдоа во вториот дел. Против ултрадефанзивната екипа од Куманово стрелаа во првиот дел Арбин Курти, Лефковски Давид и Влатко Колуковски. Со нивните три гола поведовме со 3-0, резултат со кој заминавме на одмор на овој натпревар.
Вториот дел го почнавме со општа офанзива по првиот судиски свиреж, успеавме по смо 3.минути да погодиме. Никола Величковски беше најумешен по една мешаница и успеа да го зголеми водството на 4-0. Прилика за нас имаше потоа Курти чии удар со глава заврши над гредата на противникот. Во игра само што влезе по краток одмор на клупата Тино Спасиќ, успеа да дојде до позиција и стрелаше силно по земја за наша предост со 5-0. Курти повторно имаше прилика која заврши крај голот на противникот, но Никола Величковски беше непогрешлив тој прими топка во казетиот простор убаво од сврување шутна, и погоди. Тоа беше погодок за 6-0 во наша корист. Во продолжение имавме повеќе од играта, со головите на Тино Спасиќ од дистанца и на Давор Лефковски по една мешаница поведовме и со 8-0, најавуваќи дека само прашање е со колку гола ќе заврши овој дуел. До крајот Курти Арбин ја поправи својата прецизност и тоа дури два пати стрелаше доста умешно, со неговите два и еден гол на Никола Величковски поведовме со 11-0 пред самиот финиш. Во последните моменти од дуелот игравме рутинирано и го приведовме овој дуел кон крајот триумфирајќи со високи 11-0.
Екипата на ФК Вардар (2) веднаш потоа се сретна со друг ривал од Куманово, тимот на ФК Милано. Овој дуел исто така го добивме со висока предност ние победивме со 7-0. Само што почна првиот дел Ѓорѓи Дошев успеа да биде највешт и да погоди за 1-0. На нашиот гол Василиј Мариновски имаше во првиот дел неколку одлични интервенции и не даде да биде загрозено нашето водство. На сцена во продолжение стапи Горјан Цветков-Гого, тој најпрвин умешно погоди за удвојување на предноста на 2-0. Потоа имаше удари кои противничкиот голман мораше да ги исфрла во корна, со што добивме казнен удар. Гого беше изведувач на истиот, силно шутна и погоди за 3-0. Токму со овој резултат заминавме на пауза.
Вториот дел го почнавме со шанса на Филип Радевски. Потоа противникот имаше неколку прилики сепак нововлезениот Леионид Илиевски забележа одлични одбрани на нашиот гол. Дамјан Конески и Филип Радевски имаа прилики за нов гол сепак не успеа да погодат во продолжение. Со удар од дистаница Калановски Александар успеа да погоди за високи 4-0 во наша корист, истиот играч имаше потоа и прилика која отиде над голот на Милано. Добивме повторно пенал по три корни, втор пат денес успешен од таа позиција беше Горјан Цветков кој погоди силно горе лево за 5-0. Веднаш потоа и Кристијан Таневски успеа да погоди, тој со одморен удар зголеми на 6-0 во корист на црвено-црниот тим на овој дуел од детската лига. Радевски Стефан, Пријковски Петар и Наумовски Стефан до крајот имаа убави прилики, сепак нивните удари не завршија во мрежата на кумановчани. На крајот од дуелот “печат’ на победата со гол за 7-0 стави Дошев Ѓорѓи кој всушност и го отвори овој дуел со погодок.