Нови натпревари во Детската лига одиграа Вардарци од генерацијата 2008, момчињата на Неделковски овој викенд забележаа една победа и еден пораз. Вардар (2) го победи Кул, додека пак Вардар (1) загуби од Драчево.
Тимот на Вардар (1) загуби од тимот на Драчево со високи 5:1. Вардарци немаа свој ден, противниците одиграа еден квалитетен натпревар и заслужено се радуваа на победа. Ова беше еден од ретките вака високи порази за генерацијата 2008 оваа сезона. На полувеме тимот на Вардар губеше само со 0-1, во вториот дел противникот ни даде четири погодоци за вкупно 1-5. Голот за Вардар денеска го постигна Стефан Марковски.
За половичен викенд се погрижи Вардар (2), момчињата на Неделковски беа расположени за голови денеска, тимот на Кул (2) беше испратен дома со дури 12 голови во својата мрежа. На денешниот натпревар неколку играчи на Вардар имаа свој одличен реализаторски ден, исто така и оние кои не се запишаа во листата на стрелците одиграа одлично во одбраната, како и нашиот голман. На крај Вардар победи со резултат 12-1.
Стрелци денеска на головите беа: Стефан Бранковски (4), Арти Азизи (3), Бошковски (2), Филиповски (1), Митаноски (1) и Никовски (1).