Покрај генерациите 2008 и 2010, денеска свој натпревар одигра и генерацијата на Вардар родени 2009 година. Вардар (1) и Вардар (2) одиграа меѓусебен дуел во ова коло, натпреварот заврши братски како и што му доликува на Вардар, нерешено 3:3.
Вардар (2) подобро го започна дуелот, водеше со два голови разлика 3-1, но бргу потоа за пет минути Вардар (1) успеа да ги анулира двата голови негатива и да изедначи на 3:3. На крај овој резултат 3:3 беше и конечен на оваа средба.
Стрелци на головите за Вардар (1) беа Јаков Стојковски, Вилијам Ангеловски и Давид Колевски. За Вардар (2) денеска погодија Андреј Кралевски, Давид Мирчевски и Николај Накевски.