Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардар незнае за пораз, нова радост овој пат против Ларвик
Вардар незнае за пораз, нова радост овој пат против Ларвик

Вардар незнае за пораз, нова радост овој пат против Ларвик

ЖРК Вардар продолжи со одличните игри и победи, нова радост црвено – црните забележаа против тимот на Ларвик од Норвешка 30:27 (10:11). Вардарки одиграа лошо прво полувреме, но, во вториот дел се разбудија за нова четврта победа. Со оваа победа Вардар се зацврсти на првата позиција со сега веќе максимални осум бодови на четири натпревари.

Вардарки малку изненадувачки по првиот дел имаа негатива од еден гол разлика против тимот на Ларвик. Првите 5. минути од натпреварот минаа без многу голови на двете страни 1:1, веќе во 9.минута Вардар дојде до предност од 4:3 со головите на Цвијиќ, Радичевиќ и Кузнецова. По првите 15. минути Лејно имаше дури девет интервенции. Во 15. минута Вардар имаше предност од 7:5, од овој момент следуваше криза во играта, Вардарки не постигнаа погодок повеќе од осум минути, гостинот тоа го искористи и во 28. минута дојде до највисоки плус два 8:10. До крајот на првиот дел Вардар преку Цвијиќ и Ристовска дојдое на гол негатива 10:11. Во првиот дел во игра кај Вардар не влезе Лекиќ.

kuznetsova-zrkvardarПрвите пет минути во вториот дел поминаа со многу грешки на двете страни и со само еден погодок во мрежите на Вардар и Ларвик, за нашиот тим голот го постигна Кузнецова. Во 37. минута со голот на Пенезиќ Вардар израмни на 12:12. Вардарки во продолжението од мечот се консолидираа, па така во 39. минута Вардар со два гола на Лакрабер дојде до плус два 15:13. Следуваше и трет гол на Кузнецова за нови плус два во 41. минута од мечот. Во игра во 41. минута влезе и Суслина на местото на Лејно. Вардар се разбуди, во 42. минута дојде до највисоки плус три на овој натпревар со гол на Цвијиќ. Во продолжението од мечот се разбуди и Пенезиќ која го постигна својот 300. гол во дресот на Вардар. Ларвик се врати резултатски по негативата од четири гола, во 51. минута Вардар имаше само еден позитива 24:23. Важен гол за Вардар постигна Лазовиќ во 52. минута за сигурни плус два. До крајот на натпреварот Лејно влезе во ново шоу, со неколку одбрани го донесе Вардар до нова победа. На крај, Вардар победи со резултат 30:27