Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Нова победа за европскиот првак и после овој меч Вардар лидер, Кристијанштад “фенерџија“
Нова победа за европскиот првак и после овој меч Вардар лидер, Кристијанштад “фенерџија“

Нова победа за европскиот првак и после овој меч Вардар лидер, Кристијанштад “фенерџија“

Натпревар денес одиграа  првиот и последниот во најсилната група А, Кристијанштад и Вардар.  И по овој дуел останува истиот распоред на табелата бидејќи момците на Раул Гонзалес дојдоа до нова победа во шамионската лига со резултат 23-26 (15-10).

000

Мечот почна со одбрана на Шербик, кој го отвори дуелот со одбрана, први во продолжение погодија домаќините кои поведоа со 1-0. Ние преку Борозан изедначивме на 1-1, потоа беше повторно реми 2-2. Следеа серија грешки и промашување на црвено-црните што го искористија домашните и поведоа со највисоки “плус три“ 5-2. Гонзалес Раул побара минута одмор, по која ние набрзина изедначивме на 5-5 преку Дибиров, а потоа преку Борозан првпат поведовме на овој дуел со 5-6. Следеше тајм-аут на домаќинот кој ја изгуби предноста. На крила на фантастичниот Штербик ние од минута во минута зголемувавме. Во 20.минута првпат отидовме на “четири плус“  7-11, таа предност ја зачувавме се до финишот со игра гол за гол. Во последната минута влеговме со резултат 10-14, по што во контра казни Дибиров со неговиот гол за 10-15 првпат поведовме со плус пет. Домаќините имаа пенал на крајот, сепак Штербик го одбрани. Тој имаше по 30.минути 11 одбрани и само 10 примени гола од 21 директен удар кон неговиот гол, со што имаше фантастични над 50%  зад своето име.

rk

Вториот дел почна со гол на Борозан со кој првпат отидовме на шест гола предност, тој со “бомба“ удар зголеми на 16-10 во наша корист. Потоа Штербик нареди нови три интервенции, зголемувајќи го просекот на одбранети удари кон неговиот гол. Домаќинот се обиде со игра 7 на 6 да смени нешто, сепак тоа го “чинеше“ два нови гола во мрежата со кои ние поведовме со 10-18, веднаш потоа   клупата на Кристијанштад нормално побара “минута пауза“ за консултации. Дури по 8.минути игра во вториот дел Соренсен за првпат во вториот дел го совлада Шербик за намалување на 11-18.  Тие успеаваат да направат мини серија 3-0  и да намалат на 13-18, ние веднаш со гол се вративме и зголемивме на 13-19.  На точно 10 минути до крјаот на семафорот стоеше 16-21, ние целосно го контолиравме резултатот и играта.  Во продолжение игра гол за гол на пет минути до крајот ние водеме повторно со пет гола, овој пат резултатот беше 19-24. Домаќинот искористувајќи го нашето опуштање намали во финишот и беше совладан со 23-26.

Одличен на овој дуел беше Арпад Штербик со 18 одбрани, во офанзива: Дибиров Борозан и Кристопанс постигнаа по седум гола кај нас.