Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Две нови сигурни победи за Вардаровата генерација “2006“ во денешното коло од детската лига
Две нови сигурни победи за Вардаровата генерација “2006“ во денешното коло од детската лига

Две нови сигурни победи за Вардаровата генерација “2006“ во денешното коло од детската лига

Две нови победи за Вардаровата генерација родени “2006“ година во денешното коло од детската фудбалска лига. Избраниците на Сашо Јанев денес беа подобри во дуелите со екипите на Албион и Метереор.

Вардар (1) беше подобар на натпреварот против екипата на Албион. На почетокот на дуелот нашиот противник се обиде со офанзивна игра да не изненади и да постигне ран погодок. На брззина имаа две прилики,  првата топката мина крај голот, во втората одлична интервенција видовме на нашиот голман Данстак Андреј. Прва прилика за нас имаше Марио Николовски чиј удар мина крај голот, потоа се обиде Порчу, сепак топката заврши во рацете на голманот на нашиот ривал.

1

Ние имавме повеќе од играта, и наредивме серија прилики кои за жал не ги претворивме во погодок. Најпрвин ударот на Коловски го одбрани голманот на противникот, потоа Голубов шутна над голот и на крајот Сековски не успеа да реализира. Повторно Данстак одбрани феноменално со пад во нозе на ривалот и го спаси нашиот гол. Конечно нашата офанзива во финишот беше наградена,  Стефан Коловски погодува за предност 1-0. Токму со овој резултат се замина на одмор.

2

Во вториот дел почнавме како што го завршивме првиот, момците на Јанев беа во постојана офанзива и создаваа прилики, сепак истите не ги реализираа. Ударот на Сековски го одбрани голманот на Албион, потоа Коловски шутна со глава, но над голот. Следеше нова офанзива и нови прилики, Михаел Николов се обиде, но денес одличниот голман на Албион го фати тој удар. Противничкиот голман излезе како победник и во дуелот со Сековски, чиј удар исто така успеа да го одбрани. Противниците малку се ослободија по овој притисок, нападнаа сепак беа “стерилни“ во нивните атаци. Нашата постојана офанзива донесе три исфрлања во корна на противникот, со тоа добивме пенал. Успешно истиот во гол за удвојување на водството го претвори Голубов. Давид рутинирано погоди за 2-0, резултат со кој заврши овој натпревар од детската лига кај генерација родени 2006 година.

4 5

На вториот натпревар се сретнаа екипите на Вардар (2) и Метеор. На овој меч славевме многу поубедливо со резултат од 6:0. Првите обиди кон противничкиот гол ги имаа Патаровски кој шутира покрај гол и Цониќ, чиј удар оди над голот на Метеор. Денес одличниот Олег Михајловски успева да го отвори резултатот и да му донесе водство на Вардар од 1:0. Целосна офанзива кон противничкиот гол, а следен кој се најде во прилика беше Михаил Танчев, чиј удар го брани голманот на Метеор. Следиме втор гол на мечот за Олег Михајловски кој доби топка од своите соиграчи, се ослободи од противничкиот голман и ја смети топката во мрежата, за водство од 2:0. Неколку голови ни беа поништени порад офсајд замки поставени од противникот. Одлично играа избраниците на Сашо Јанев, кои имаа голем посед на топка и најголем дел од играта. Во шанса се најде и Аце Миовски, но голманот на Метеор спречува поголема негатива. Лука Митрески имаше исто така шанса, но по првото полувреме се замина со резултат од 2:0.

Првата шанса во вторите 25 минути ја имаше Митрески, кој шутира покрај голот. Се обиде и противникот, но нашиот голман спречи намалување на резултатот. Во листата на стрелци се запиша и Никита Патаровски, кој му носи зголемено водство на Вардар од 3:0. На теренот играме само една екипа, а тоа беше Вардар, кој често создаваше шанси. Таква една искористи Михаил Танчев, кој погоди за 4:0, на асистенција од Михајловски. Во продолжение од натпреварот следиме хет-трик на Михајловски, за предност од 5:0, за во следните минути пречката од голот да ја погоди и Михаил Танчев. Прв гол на натпреварот постигна и Ангел Настевски, кој ги постави конечните 6:0. Нашиот голман не успеа да се запише во листата на стрелци, откако доби шанса од тренерот Јанев да шутира удар од белата точка, кој голманот на Сарај го одбрани. Конечниот резултат на натпреварот е 6:0.