Вардаровата генерација родени “2007“ година кои се натпреваруваат во една година повозрасната “2006“ генерација вечерва на терените на ФФМ одигра натпревар против екипата на Сарај.
Гледавме еден интересен и квалитетен натпревар, на кој на крајот победи подобрата и помлада екипа на Вардар. Милош Спасовски ја имаше првата голема прилика да го отвори резултатот, кога речиси од својата половина од прекин упати удар кој заврши во пречката од голот на Сарај. Сепак истиов играч успеа да му донесе водство на Вардар од 1:о, откако центрираше, а противничкиот голман ја промаши топката која заврши во голот на противникот. Сарај пружи силен отпор, кој не беше доволен за изненадување и за избегнување на убедлив пораз. Тренерот на Вардар, Томче Трајановски одлично ја водеше екипата, често комбинираше давајќи им подеднаква минутажа на сите играчи кои му беа на располагање. Возраста од една година беше очигледна на теренот, но тоа не им сметаше на нашите млади надежи да го одиграат можеби најдобриот натпревар оваа сезона. Откако Вардар направи три корни судијата покажа на белата точка, а Сарај успешно реализира за израмнување на резултатот на 1:1. Сепак израмнувачкиот гол не ги обезхрабри Вардарци, кои до крајот на натпреварот го “окупираа“ голот на противникот. Повторно со погодокот на Милош Спасовски успеваме да поведеме со 2:1 и овој резултат на биде актуелен на полувреме, а за одбележување во првите 25 минути е ударот на Младеновски, кој голманот на Сарај го одбрани.
Првата прилика во вториот дел ја имаше Сарај, но напиот голман Лука Јаневски го одбрани ударот и не дозволи израмнување. До крајот на мечот во главна улога беше Стефан Младеновски, кој успеа да постигне дури четири голови и да го постави конечниот резултат од 6:1. Посебно убав беше последниот негов гол, кога ја заби топката под пречката од противничкиот гол. Тренерот Трајановски му даде шанса за настап и на најмладиот Вардарец, роден “2008“ година, Матеј Киш кој ги одигра последните седум минути од натпреварот. Повеќе од заслужен триумф за Вардарци кои прикажаа борбена игра во текот на целиот натпревар. Оваа екипа на Вардар има максимален број на освоени бодови, натпреварувајќи се во повозрасната генерација “2006“.