Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Одбраната беше извонредна и ја заврши работата – Стоилов: Бевме подобри и заслужено победивме
Гонзалес: Одбраната беше извонредна и ја заврши работата – Стоилов: Бевме подобри и заслужено победивме

Гонзалес: Одбраната беше извонредна и ја заврши работата – Стоилов: Бевме подобри и заслужено победивме

Вардар продолжува да реди победи в0 лигата на шампионите, откако вечерва ја совлада и екипата на Кристијанштад (23:26). Црвено-црните имаа предност во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено триумфираа. Ова беше вкупно петта победа за Европскиот шампион во најсилната група А, со која се зацврсти на врвот на табелата и си ги зголеми шансите за освојување на првото место на крајот од групната фаза. По завршување на натпреварот на прес-конференцијата пред медиумите се обрати тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

-Игравме добро во првото полувреме, и имавме водство од пет гола. Кристијанштад се млада екипа која игра брзо, и тоа го знаевме од почетокот. Малку послабо тргнавме во мечот, имавме негатива, но потоа работите си дојдоа на место. Нашата одбрана беше извонредна и заврши многу работа.

Стоилов истакна дека Вардар бил поодбар и заслужено триумфирал.

-Го респектираме тимот на Кристијанштад. Секоја година играат сѐ подобро. Ние тргнавме лошо на почетокот, но потоа си дојдоа работите на свое место. Бевме подобри. Им честитам на нашите домаќини за фер играта и им посакувам добри денови во иднина“.